Бајден: Американците нема да бидат принудени да се вакцинираат за Ковид-19

пред 5 месеци

Новиот претседател на САД, Џо Бајден вели дека Американците нема да бидат принудени да ја примат вакцината за коронавирусот кога таа ќе биде достапна во државата. Оваа изјава доаѓа откако Центарот за контрола на болести за првпат од почетокот на пандемијата повика на носење маски во сите затворени објекти со исклучок на домовите.

CDC смета дека САД се влезени во фаза на високо ниво на преносливост на вирусот. Вчера САД имаа рекордни 2.500 смртни случаи и 225.000 новозаразени во едно деноноќие. Вкупно во САД досега има повеќе од 14 милиони заболени и 278.000 починати.

Пајзер и Модерна кои објавија на 94 проценти ефикасност на вакцините на клиничките тестирања побраа од Агенцијата за храна и лекови дозвола за дистрибуција на вакцините во САД. Потпреседателот Мајк Пенс најави дека до дозволата за вакцината за Ковид-19 има само седмица и половина. Во средата, Велика Британија стана првата држава во светот која ја одобри вакцината на Фајзер.Дозвола за дистрибуција на оваа вакцина даде и Бахреин.

Share

KissAnime re zero kissanime: Watch The Quintessential Quintuplets 2 Episode 3 (https://kissanimeonline.com/m/8qro/ep-3)

AnimeTV free animetv: DARLING in the FRANXX Episode 24

Scroll to Top