Блинкен: Иран е блиску до способност да произведе нуклеарна бомба

пред 8 месеци

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во интервју за Ен-Би-Си Њуз изјави дека администрацијата на Џо Бајден ќе се врати на Иранскиот нуклеарен договор под услов Техеран да се врати на своите обврски, а потоа ќе преговара за „подолготраен и посилен“ договор.

Тој наведе дека Иран за неколку месеци може да развие доволно количество на нуклеарен материјал за производство на бомба, а потоа истакна дека се работи за „недели“ и оти Техеран продолжува да ги крши одредбите од Договорот од 2015 година.

Иран почна да ги крши одредбите откако поранешниот американски претседател Доналд Трамп во 2018 година ги повлече САД од Договорот.

Блинкен истакна дека Вашингтон ќе разгледа и други теми што не беа предвидени во Договорот, вклучително и ослободување на американските државјани од иранските затвори.

Претходно, Иран соопшти дека нема повторно да преговара за нуклеарен договор.

Американскиот државен секретар во интервјуто истакна и за можни нови санкции кон Северна Кореја и кон Русија.

Share

Website https://4anime.biz: Watch Hit wo Nerae! 4anime Episode 8 persona 4 the animation

Watch Anime on Ads-free Website Animekisa

Website https://twistmoe.net: Watch Mazinger Edition Z: The Impact! twistmoe Episode 26 anime online

AnimeFLV: Issho ni Training Ofuro: Bathtime with Hinako & Hiyoko anime episode Full online free at https://animeflv.uk animeflv

Lawrence: http://www.lawrence.com/users/animeflixnl/

Twitch: https://www.twitch.tv/animefreakws/about

Scroll to Top