Болниците во Србија се полнат, од 1 август можни нови мерки

пред 2 дена

Епидемиологот и член на кризниот штаб, Предраг Кон, изјави денеска дека епидемиолошката состојба во Србија се влошува и дека веќе почнало полнење на болниците, како и зголемување на бројот на новозаболени.

-Бројот на оние кои се во болници е се уште мал во споредба со некој период порано, но тоа ќе се промени и ќе почне полнењето на болниците. Всушност, тоа веќе започна …не можеме да чекаме четирицифрени броеви со истите мерки што ги имаме сега, изјави Кон и најави дека на 1 август, кога се очекува седница на Кризниот штаб за борба против короната, ситуацијата ќе биде поинаква и најверојатно ќе бидат донесени нови мерки.

Тој истакна дека мерките против короната се уште се на сила и треба да се почитуваат, наведувајќи дека „искуството не значи ништо ако продолжиме да се однесуваме како да сме без искуство“.

-Ако не се вакцинираме, ќе мора да се бориме против овој вирус многу долго време. Невакцинирањето на младите ја продолжува директно оваа пандемија, оцени Кон.

Според него, кај помладите, особено кај жените, постои отпор кон вакцинација, „поради страв од сериозната заблуда дека вакцината може да влијае на можноста за раѓање“.

Тој исто така кажа дека етички е целосно неприфатливо здравствените работници да не се вакцинираат, не само заради себе, туку и заради потенцијална опасност за пациентите.

Share

AnimeFreak: Ling Yu 5th Season anime episode 12 online free at https://animefreak.ws amine freak tv

ANIMEFLIX: Azumanga Daioh: Gekijou Tanpen (Dub) anime episode Full online free at https://animeflix.nl animes online

AnimeDao: Kennel Tokorozawa anime episode Full online free at https://animedao.nl animedao online

Buddybio: https://buddybio.com/animefreakws

Experiment: https://experiment.com/users/kkissanime

Thingiverse: https://www.thingiverse.com/animefreakws

Scroll to Top