Британија: Најмногу жртви и нови случаи досега, состојбата во Лондон „надвор од контрола“

пред 5 месеци

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, денеска изјави дека состојбата со Ковид-19 е „надвор од контрола“ во главниот град на Велика Британија.

– Се плашам дека овој вирус е надвор од контрола, изјави Кан и додаде дека лондонските болници може да останат без слободни кревети.

Кан за Би-Би-Си изјави дека во некои делови на Лондон, секој 20-ти човек е заразен со Ковид-19. Градоначалникот им порача на жителите на главниот град дека најдобриот начин да им помогнат на здравствените служби е да останат дома.

Кан денеска прогласи вонредна состојба во Лондон, додека болниците се обидуваат да се справат со големиот прилив на пациенти.

Велика Британија денеска соопшти за 1.325 нови смртни случаи од болеста, што е највисок дневен биланс од почетокот на пандемијата, додека 68.053 лица се новозаразени со вирусот, што исто така е нов рекорд.

Најголем број смртни случаи од Ковид-19 за еден ден претходно беа пријавени на 21 април, кога 1.224 лица го загубија животот поради вирусот.

Нови мерки за карантин стапија на сила во Англија оваа недела, додека официјалните лица предупредуваат дека зголемениот број хоспитализации ја става Националната здравствена служба под силен напор.

Share

ANIMEFLIX anime sites: Watch Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation Episode 10 (https://animeflix.nl/m/Dvva/ep-10)

AnimeHeaven animes online: Watch The Daily Life of the Immortal King Episode 10

Scroll to Top