Велика Британија вакцинира 140 лица во минута

пред 4 месеци

Велика Британија просечно против коронавирусот вакцинира 140 лица во минута, соопшти Надим Захави, министер одговоерен за дистрибуција на вакцини.

Најновите податоци покажуваат дека Велика Британија вакцинирала 3.857.266 лица со првата доза и 449.736 со втората доза.

– Оди добро, вакцинираме просечно 140 луѓе, ова е прва доза, буквално во минута. Тоа е просек, но во некои области е подобро, изјави Захави за Скај Њуз.

– Ќе го видите ова подобрување откако ќе отвориме повеќе големи центри за вакцинација, вкупно 17 оваа недела и 50 до крајот на месецот, нагласи министерот.

Според него, во некои области повеќето од Британците постари од 80 години се вакцинирани, а потоа следат оние над 70 години со болести.

Захави исто така рече дека пилот-проект за 24-часовно вакцинирање ќе почне во Лондон на крајот на месецот. Наставници, полицајци и продавачи може да бидат следни кои ќе бидат вакцинирани по тие над 50 години.

Велика Британија во моментов ги вакцинира оние во домовите за стари лица и оние над 80-годишна возраст.

Share

WCOStream wcostream attack on titan: Watch Jimihen!!: Jimiko wo Kaechau Jun Isei Kouyuu!! Episode 2 (https://wcostream.cc/m/mWQe/ep-2)

AnimeTV demon slayer animetv: Watch Gintama Episode 93 (https://animetv.cc/m/xzP/ep-93)

Scroll to Top