ВИДЕО: Експретседателот на Грузија Саaкашвили нападнат со тупаници во Атина

пред 7 месеци

Поранешниот претседател на Грузија, Михаил Саакашвили, попладнево бил нападнат и претепан од непознат човек во Атина, каде политичарот требало да се сретне со претставници на грузиските здруженија во Грција.

Саакашвили, опкружен со свои приврзаници, се подготвувал да одржи говор пред просториите на грузиска асоцијација, кога еден млад човек се издвоил од толпата и почнал да го удира политичарот повеќепати по главата и лицето.

На снимката од инцидентот се гледа како луѓето присутни на собирот се обидуваат да го оттргнат напаѓачот, пред да интервенираат полициските специјалци, кои употребуваат и спреј со солзавец за да ја разбијат вознемирената толпа и да ја смират ситуацијата.

Саакашвили подоцна преку Фејсбук ги обвини своите противници во Грузија дека го организирале нападот, кој го извршиле „неколкумина со маски, кои подло се прикрадоа“.

Контроверзниот грузиски и украински политичар, кој беше претседател на Грузија во два мандата меѓу 2004 и 2013 година, неодамна најави дека е можно да се врати во Грузија, затоа што му било понудено местото премиер на преодната влада. Не се знае како Саакашвили планира да се врати во земјата, со оглед на тоа дека му е одземено државјанството, а тој е веќе осуден на затвор за корупција и проневери и баран во Грузија за други дела.

Share

WCOStream wcostream dragon ball super: Attack on Titan (Dub) Episode 25

KissAnime kissanime weathering with you: Jujutsu Kaisen (TV) (https://kissanimeonline.com/m/2nKj) Episode 24

Scroll to Top