ВИДЕО: Екстремни мерки на австралиската полиција за спречување протести против строгиот локдаун

пред 2 месеци

Сиднеј и неговата околина се под повеќенеделан строг локдаун кој ќе трае најмалку до крајот на август што е мерка со која властите се обидуваат да се изборат со високозаразниот делта-сој на коронавирусот кој е во нов бран.

Околу 1000 полицајци беа ррраспоредени денеска во околината на Сиднеј да се се спречат забранетите демонстрации против заклучувањето. Полицијата им забрани на таксистите и на другите превозници да носат луѓе во центарот на градот. За непочтување на оваа забрана следува казна од половина милион долари.

Протестите минатиот викенд завршија со апсења и со судири со полицијата. Според последните анкети, само седум проценти од населението го поддржува локдаунот.

Според податоците на Министерството за здравство, во Сиднеј во моментов во болница има 198 заболени од Ковид-19, 53 пациенти се на интензивна нега, а 27 на респиратори. Забележан е и еден смртен случај. Со ова бројот на починати е вкупно 14.

Делови на соседната држава, Квинсленд од денеска се под триднево затворање затоа што во државата се забележани нови шест случаи на делта-сојот.

Австралија е една од државите кои најуспешно се справуваат со коронавирусот, во целата земја има вкупно 34.000 заболени и 924 смртни случаи.

Share

AnimeBee Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

Website https://kissanime.mx: Watch Dorei-ku The Animation (Dub) kissanime Episode 12 kissanime demon slayer

AnimeDao - Watch English Subbed Anime Online | AnimeDao Official

4Anime Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

Mixcloud: https://www.mixcloud.com/gogoanimebe/

Metal-archives: https://www.metal-archives.com/users/gogoanimelol

Scroll to Top