(ВИДЕО) Захариева: Велиме „не“ за старт на преговорите, а не на членството на С. Македонија во ЕУ

пред 2 месеци

Бугарија секогаш добро се однесувала кон Северна Македонија, во сите тешки моменти досега подадовме рака. Ние ќе продолжиме да им помагаме и ќе пружиме рака, изјави бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева за бугарската БТВ.

– Ние велиме „не“ на почетокот на преговорите, а не на членството на Северна Македонија во ЕУ, не веруваме дека во моментов тие се подготвени да ги исполнат условите за почеток на преговорите, објасни министерката Захариева.

Според неа, Скопје не го спроведува Договорот за добрососедство и продолжува со омраза кон Софија, пораду што, вели, нема начин како Бугарија да каже „да“ во оваа фаза“.

– Никој не го оспорува нивното право на самоопределување и да го нарекуваат својот јазик како што сакаат, но не се согласуваме дека тоа право на самоопределување треба да се заснова на омраза, кражба на историја и негирање на Бугарија и бугарскиот јазик. Како што тргнале, тие ќе почнат да го негираат постоењето на бугарска нација, изјави Захариева.

Share

Peach Boy Riverside (https://kissanimeonline.com/m/KV3Z) Episode Preview at KissAnime kissanime discord

A Silent Voice Episode Full at website https://animeheaven.pro animeheaven boruto

Scroll to Top