ВИДЕО: Марш на приврзаници на Трамп во Вашингтон

пред 7 месеци

Приврзаници на американскиот претседател Доналд Трамп почнаа да се собираат во Вашингтон во знак на протест против, како што велат, „изборната кражба“ на претседателските избори. Во Вашингтон во моментот има десетици илјади негови подржувачи.

Имаше и други протести про-Трамп низ целата земја откако Бајден беше прогласен за победник на 7 ноември, но тие беа мали.

Во Вашингтон според локални медиуми, е засилено присуство на полицијата за да спречи еветуални судири со анти-Трамп демонстранти кои се во близина на Врховниот суд.

На протестите ќе присуствуваат истакнати членови на екстремната десница, како што се Алекс Џонс, познат во САД како „теоретичар на заговор“, и самопрокламираниот „американски националист“ Николас Фуентес. Со нив ќе бидат и припадниците на паравоена милиција, кои себе си се нарекуваат „Покровители“, и припадници на екстремната десница „Горди момчиња“.

Во првото обраќање по изборите на 3 ноември, Трамп вчера нагласи дека „времето ќе покаже“ дали тој ќе остане претседател.

Маршот се одржува под слоганот – Марш на милионите Да ја направиме Америка повторно голема (MillionMAGAMarch).

Share

KissAnime kissanime legend of korra: Watch The Daily Life of the Immortal King Episode 15

4Anime gleipnir 4anime: Watch JoJo's Bizarre Adventure: Diamond is Unbreakable Episode 10 (https://4anime.biz/m/kx5/ep-10)

Scroll to Top