ВИДЕО: Невреме во Хрватска, снег на планините и во Словенија

пред 3 месеци

Попладнево невреме ги зафати Истра и северниот Јадран во Хрватска. Како што јавија хрватските медиуми, локално наврнале над 80 литри дожд на метар квадратен до 14 часот, а најмногу дожд наврнал во Ровињ – 106 литри. Пореч е под вода, а на Платак паднал снег. Počeo snijeg na vrhu Platka! @N1infoZG pic.twitter.com/VS2LNyzrDS — Tea Blažević (@blaTeabla) October 11, 2020 Порталот Индекс објави дека невремето, придружено со пороен дожд и грмежи, најмногу ги погодило Ровињ, Истра и Кварнер. Во пошироката област на Загреб може да наврнат од 20 до 40 литри дожд на метар квадратен, од 25 до 45 во областа Карловац. Покрај обилни врнежи, метеоролозите најавуваат и грмежи, особено во Сплит и Риека. Бидејќи температурата на морето е сè уште релативно висока, можен е развој на силно невреме над морето. Снег падна и на Крањска Гора, познат ски-центар во Словенија. Текстот ВИДЕО: Невреме во Хрватска, снег на планините и во Словенија е превземен од А1он .

Share

Watch Is It Wrong to Try to Pick Up Girls in a Dungeon? (Dub) Episode 9 at AnimeFreak anime freaks anime

Kyokou Suiri 2nd Season Episode Preview at website https://animeheaven.pro black clover anime heaven

Scroll to Top