(ВИДЕО) Трамп од историското Аламо: Барањето за импичмент е смешно, 25-от амандман е поопасен за Бајден

пред 5 месеци

Со настап во историското место Аламо, каде во 1835-36 година се одиграла прочуената битка против Мексико во борбата за припојување Тексас кон САД, и кое во колективната свест на Американците е врежано како место на кое херојски се дава последниот отпор, Доналд Трамп се обиде да го обои своето заминување од претседателската фотелја со историска симболика.

Во неговото прво појавување во јавноста по упадот во зградата на Конгресот што минатата недела го извршија негови приврзаници, Трамп беше во обиколка на ѕидот што по негова иницијатива се гради на границата на САД со Мексико.

Тој пред стотина луѓе го одржа еден од неговите последни говори како претседател на САД, осврнувајќи се на насилството во Вашингтон и упатувајќи му порака на својот ривал Џо Бајден да „внимава што посакува“ со иницијативата за отповикување.

„25-от амандман претставува нула ризик за мене, но тој ќе се врати за да го прогонува Џо Бајден и неговата администрација. Како што вели изреката: бити внимателен со она што го посакуваш,“ рече Трамп без понатаму да образложи. Тој додаде и дека барањето на Демократите во Конгресот за негово отповикување е „продолжение на најголемиот лов на вештерки во историјата.

Во врска со упадот на неговите приврзаници во Конгресот, Трамп порача дека насилството не е решение и повика на национално помирување.

„Веруваме во историја и во традицијата на нашата земја, не сакаме да ги уништуваме, веруваме во владеењето на правото, а не во насилството,“ рече американскиот претседател во заминување, додавајќи дека е време „нацијата да се излечи“ и дека е „време за мир“.

Share

WCOStream watch anime free: Watch One Piece Episode 940

AniWatch dubbed anime: Watch A Silent Voice Episode Full

Scroll to Top