ВИДЕО: Трамп се врати во Белата куќа и веднаш ја отстрани маската

пред 3 месеци

Американскиот претседател Доналд Трамп се врати во Белата куќа. Најавено е дека тој ќе го продолжи третманот против Ковид-19 во домашни услови, откако помина три ноќи во болница. Тој на Твитер напиша дека се чувствува добро, а на балконот од Белата куќа, шефот на државата ја отстрани маската, што предизвика остри критики во јавноста. „Не дозволувајте вирусот да доминира над вас. Не дозволувајте да ги преземе нашите животи. Не дозволувајте тоа да се случи. Ние сме најголемата земја во светот. Се враќаме. Jaс се враќам на работа. Јас и понатаму ќе бидам ваш лидер. Ја разбирам опасноста, но морам да го сторам тоа. Морам да застанам напред и да ве поведам “, беше категоричен Трамп. pic.twitter.com/OxmRcZ5nUZ — Donald J. Trump (@realDonaldTrump) October 5, 2020 Позитивни тестови имаат и неколку негови соработници и вработени во претседателската администрација, но засега, неговиот најблизок соработник американскиот потпретседател, Мајк Пенс по трет пат е негативен на корона тестот. Во САД повеќе од 7.4 милиони луѓе се заразени со Ковид-19, а околу 210.000 починале. Текстот ВИДЕО: Трамп се врати во Белата куќа и веднаш ја отстрани маската е превземен од А1он .

Share

anime heaven anime bleach anime heaven anime heaven anime

hunter hunter animeflix animeflix haikyuu one punch man animeflix

anime planet jojo diamond is unbreakable anime planet jojo part 5 bakemonogatari anime planet

Scroll to Top