Влијателни републиканци цврсто застанаа зад Трамп дека има изборна измама

пред 7 месеци

Републиканците Линдзи Грем и Тед Круз ги бранат „лагите на американскиот претседател Доналд Трамп“ дека изборите биле со недостатоци, пишува весникот „Њујорк Тајмс“.

Еден од синовите на шефот на државата вчера се пожали дека ниту еден од републиканците, кои размислуваат да се кандидираат за претседател на САД во 2024 година, јавно не застанал на страната на Трамп.

Сенаторот од Јужна Каролина, Линдзи Грем ги бранеше неоснованите обвинувања на Трамп за масовна измама.

Грем, еден од најлојалните сојузници на американскиот лидер во Конгресот, во изјава за „Фокс њуз“ не изнесе докази во поддршката за тврдењата на Трамп. Тој се спротивстави на пребројувањето на гласовите во Пенсилванија, но истовремено го поддржа процесот во Аризона.

– Јас и верувам на Аризона, не и верувам на Филаделфија, истакна републиканскиот сенатор.

Сенаторот од Тексас, Тед Круз го поддржа својот републикански колега и ги обвини демократите дека се обиделе да направат изборна кражба, но исто така не наведе докази.

Двајцата сенатори се меѓу неколкумината републиканци, вклучувајќи го и лидерот на малцинството во Долниот дом, Кевин Мекарти и конгресменот од Џорџија, Даг Колинс, кои исто така без докази обвинуваат за изборни измами.

– Секој што слуша, не може да молчи. Не молчете за ова. Не можеме да дозволиме тоа да се случува пред нашите очи, изјави Мекарти за „Фокс њуз“.

Други републиканци ги критикуваа зборовите на претседателот Трамп или се воздржаа од коментари.

Share

ANIMEFLIX animeflix my hero academia movie: Boku no Hero Academia 5th Season Episode 3

AniWatch free anime: The Seven Deadly Sins: Dragon's Judgement Episode 14

Scroll to Top