Во Албанија за првпат затвор за осудени лица од трета доба

пред 4 месеци

За првпат во Албанија ќе функцонира затвор наменетен само за повозрасни лица.

За таа цел во тек е реконструкција на објект во Појска кај Поградец, за што од буџетот ќе бидат потрошени 200 милиони леки или околу 165 илјади евра.

Во овој затвор, со ниска безбедност, ќе бидат сместени 110 лица над 60-годишна возраст, осудени за полесни кривични дела. Перосналот ќе брои 90 лица, здравствени, амдинистративни и полициски службеници.

Моментно, возрасната група помеѓу 60 и 70 години сочинува околу 3 отсто од затворската популација, додека возрасната група помеѓу 70 и 80 години околу 0,5 отсто од вкупниот број затвореници.

Затворот ќе биде даден во употреба следната година.

Според Управата за санции во земјата постојат 21 казнено-поправна установа со капацитет за 4.417 лица, односно 19 затвори, една затворска болница и еден казнено поправен дом за малолетници во градот Каваја. Просечната бројка на пренатрупаност е 368 лица над капацитетот на затворите.

Share

Watch My Hero Academia 4 Episode 24 at GoGoAnime tokyo ghoul gogoanime

Our Last Crusade or the Rise of a New World (Dub) (https://animeheaven.pro/m/XkNQ) Episode 8 at AnimeHeaven animeheaven dragon ball

Scroll to Top