Во Драч почнува големата воена вежба „Defender Europe 2021“

пред 6 дена

Во најголемиот албански пристанишен град, Драч денеска почнува големата воена вежба Defender Europe 2021″. За таа цел дислоцирани се војска, апарати и технологија најголеми по Втората светска војна.

Со вежбата ќе раководи американската армија, а учествуваат припдници на 28 земји членки и партнери на НАТО.

-Ќе биде демонстрирана подготвеноста во зеднички активности на учесниците на вежбата која е најголема што до сега се одржала во западен Балкан, напиша премиерот Еди Рама на Фејсбук.

На свеченото отворање ќе рисуствуваат високи претставници на САД, Албанија и на НАТО.

Американската амбасада преку објава на социјалните мрежи им посака добредојде на тројцата генерали.

-Добредојде за генерал Тод Волтерс, командант на командата за Европа и врховен командант на европските сојузници на НАТО, на генерал Џефри Хариган, командант на воздухопловните сили на САД во Европа, Африка и сојузничката воздухопловна команда, како и генерал Кристофер Каволи ,командант на војската на САД во Европа и Африка. Рамо до рамо, стои во објавата.

Вежбата која почнува денес ќе трае со 9 јуни а ќе учествуваат 28 илјади војници.

Share

AnimeTV www1 animetv: Watch Assassination Classroom (Dub) Episode 9

AnimeHeaven watch anime free: Watch That Time I Got Reincarnated as a Slime Episode 20 (https://animeheaven.pro/m/mLE5/ep-20)

Scroll to Top