ВО ЖИВО: Нов протест вечерва во Тирана, полицијата подготви водени топови

пред 7 месеци

И покрај апелите на полицијата да се избегне било какво собирање, што е спротивно на анти – ковид мерките, за вечерва најавен е нов протест за убиството на 25–годишниот Клодјан Раша.

Вечерва се чини полицијата ќе биде многу поподготвена – пред зградата на Владата, покрај полицајци со гас маски, стационирани се и водени топови, во случај протестите да ескалираат, како и блиндирани возила.

Зградата на Министерството за внатрешни работи, од каде е најавен почетокот на протестот е „блокирана“ со железни огради. Во меѓувреме, полицијата ги повика медиумите да го напуштат периметарот, кој се смета за опасен доколку ситуацијата ескалира, како што се случи вчера.

За безбедноста се ангажирани 800 полициски службеници, а на готовс ќе бидат припадниците на специјалните полициски единици и Националната гарда.

Според медиумите, полицијата добила јасни директиви да не потпаѓа на провокации, додека граѓаните се повикуваат да избегнуваат какви било собири во време на пандемија.

Ова е втор протест за убиството на младиот Раша, кој беше застрелан пред два дена во близина на неговиот дом, малку време по полноќ, кога во Албанија е полициски час, откако, според полицијата, не се осврнал на предупредувањата да запре.

Протестите добија подршка од пратеничката Рудна Хајдари, поранешна демократка, како и од вопарламентарната опозиција.

Share

4Anime 4anime kakegurui: Scum's Wish (https://4anime.biz/m/XbKx) Episode 12

AnimeFreak animefreak hunter x hunter: Tokyo Ghoul Episode 12

Scroll to Top