Во САД почнаа седниците на електорите од сојузните држави

пред 5 месеци

Во повеќе сојузни држави од источниот брег на САД во 10 часот по локално време почнаа седниците на колеџот на електори што треба да го избере новиот претседател на земјата.

Бројот на електори се совпаѓа со бројот на претставници во Конгресот за секоја одделна држава. Заседанијата обично се оддржуваат во државните Капитоли, на кои електорите го даваат својот глас за избраниот кандидат, односно со ставање своерачен потпис на гласачки лист.

Колеџот од електори е составен од видни партиски првенци од демократската и републиканската партија како избрани официјални лица. Така, годинава во колеџот е гувернерот на Јужна Дакота, Кристи Ноем, електор на актуелниот претседател Доналд Трамп, кој најави своја кандидатура на републиканската претседателска трка за изборите во 2024 година.

Во колеџот е и Стејси Абрамс, член на државниот Претставнички дом од 2007 до 2017 година и кандидатка за гувернер на изборите во 2018 година, клучна личност во победата на демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден во таа држава.

Конечните резултати од денешнто гласање на колеџот ќе бидат утврдени од Конгресот на САД на 6 јануари, но тие ќе бидат познати на јавноста и пред тој датум.

Според доегашните резултати, Бајден освои 306 електорски гласа, додека Трамп доби 232. За избор на претседател потребни се гласовите од најмалку 270 електори.

Share

KissAnime darling in the franxx kissanime: Death Note (Dub) Episode 37

AnimeTV the god of high school animetv: Attack on Titan Season 3 Part 2 (Dub) Episode 10

Scroll to Top