Во светот има над 83,5 милиони заразени со Ковид-19 и над 1,8 смртни случаи

пред 4 месеци

Според најновите податоци на Универзитетот Џонс Хопкинс објавени синоќа, 83,5 милиони луѓе во светот биле заразени со коронавирусот, а 1,8 милиони починале.

САД имаат најголем број заразени – најмалку 20 милиони и смртни случаи – повеќе од 346 илјади.

Следува Индија со 10,2 милиони заразени и 148 илјади жртви, а трет е Бразил со 7,6 милиони заразени и 195 илјади смртни случаи.

Во САД во тек се вакцинации со одобрени вакцини од Фајзер / БиоНТех и Модерна.

Четириесет и две лица во американската држава Западна Вирџинија кои отишле на вакцинација, по грешка добиле „експериментален третман со антитела“, јавија американски медиуми.

Тоа е лек кој му бил даден и на претседателот Доналд Трамп додека тој бил на болничко лекување поради коронавирус.

Џејмс Хојер од Националната гарда на Западна Вирџинија изјави дека тие лица биле контактирани и дека властите се обидуваат да го поправат пропустот, односно дека луѓето на кои по грешка им биле дадени антитела – ќе бидат први во редот за вистински вакцини.

Share

AniWatch dubbed anime: Banana Fish (https://aniwatch.pro/m/XalV) Episode 24

GoGoAnime watch animes: Watch Fairy Tail Episode 24 (https://gogoanime.be/m/G7O/ep-24)

Scroll to Top