Во Франција речиси 6.000 казнети во продолжениот полициски час

пред 4 месеци

Речиси 6.000 казни се регистрирани во првиот ден од продолжениот полициски час, што беше воведен во обид да се контролира пандемијата на новиот коронавирус во Франција. Ова го објави телевизискиот канал БФМ, повикувајќи се на податоци на Министерството за внатрешни работи.

Во саботата, 5.900 лица беа казнети за непочитување, соопшти Министерството за внатрешни работи, потсетувајќи дека финансиската казна за кршење на правилата донесени во Франција во врска со пандемијата е 135 евра.

Од завчера во Франција е во сила полициски час од 18 часот, наместо од 20 часот, како што беше случај во рамките на построгите мерки во борбата против новиот коронавирус.

Мерката, спроведена во 25 од 96 департмани, сега се однесува на целиот континентален дел на земјата. Вечерниот час во Франција во 18 часот ќе биде во сила најмалку 15 дена, објави во четвртокот премиерот Жан Кастекс.

Според последните податоци на Министерството за здравство, повеќе од 70.000 луѓе починале во Франција од почетокот на пандемијата, а вкупниот број на заразени надмина 2,8 милиони.

Share

AnimeHeaven anime stream: Black Clover (Dub) Episode 150

AniWatch dubbed anime: Watch Wonder Egg Priority Episode 10 (https://aniwatch.pro/m/PLkN/ep-10)

Scroll to Top