Вучиќ: Ќе видам дали ќе имаме вонредни парламентарни избори во 2022 година

пред 5 месеци

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави денеска дека ќе види дали покрај редовните претседателски избори во 2022 година ќе се одржат и вонредни парламентарни избори, јави дописникот на МИА од Белград.

-Ќе видиме и кој ќе ги бојкотира или не, кажа Вучиќ пред новинарите, додавајќи дека истражувањата покажуваат дека ниту една опозициска партија денеска не би влегла во парламентот.

Вучиќ оцени дека еден дел од опозицијата има повеќе медиумски простор отколку самиот тој и неговата Српска напредна партија (СНС).

-Не им се виновни медиумите на сите, како што тие би сакале да кажат, туку неработењето, недостатокот на идеи и нападите врз се што е направено и кажано, додаде тој.

Говорејќи за составот на Собранието на Србија, Вучиќ кажа дека во него можеби ќе има и опозиција, и како што објасни, парламентот ќе има улога да покаже поодговорно однесување „од оној што им го одземаше зборот на пратениците без причина“ и каде што не ќе може да се донесуваат камења.

Коментирајќи ги настаните во опозицијата, Вучиќ рече дека едниот дел од опозицијата „со тајкунските медиуми“ го опструира другиот дел „кој сака одговорно да се однесува“.

Вучиќ изјави дека на опозицијата и пречат инфраструктурните проекти, завршувањето на изградбата на храмот „Свети Сава“, фонтаната на Славија и проектот за изградба на национален стадион и праша: „А што навистина ни треба“.

Говорејќи за извештајот на Европската комисија за напредокот на Србија и воената вежба „Содејство 2020“, тој истакна дека е исклучително важно за Србија да го продолжи процесот на евроинтеграција, почитувајќи ја политиката за одржување пријателство со традиционалните партнери.

Share

The Irregular at Magic High School Episode 26 at website https://animefreak.ws animefreak dragon ball

Watch Bleach Episode 188 (https://animeheaven.pro/m/n7P/ep-188) at AnimeHeaven animeheaven attack on titan

Scroll to Top