Германската полиција соопшти дека извршила рации во станови и канцеларии во врска со нападот во Виена

пред 8 месеци

Германските безбедносни сили почнаа претреси во три германски држави во врска со нападот во Виена претходно оваа недела, објави утрово на Твитер Федералната канцеларија за криминалистичка полиција (БКА.

Канцелариите и домовите на четири лица во Долна Саксонија, Хесе и Шлезвиг Холштајн се претресени од безбедносните сили и полицијата, соопшти БКА.

Четирите лица не се осомничени за каква било вмешаност во самиот напад, но се смета дека имаат врски со осомничениот напаѓач.

Според портпаролката на БКА, операцијата утрово сè уште трае.

БКА додава дека налозите за претрес биле вчера откако австриското правосудство им ги предало релевантните информации на германските власти.

Share

GoGoAnime gogoanime kiss: Dr. Stone (Dub) Episode 24

KissAnime kiss animes: That Time I Got Reincarnated as a Slime (https://kissanimeonline.com/m/A9ge) Episode 24

Scroll to Top