Гнев во Франција откако се дозна дека Макрон се заразил на групна вечера во Елисејската палата

пред 9 месеци

Во француската јавност се погласен е револтот околу вечерата организирана во средата вечерта во Елисејската палата, на која властите се сомневаат дека со вирусот се заразил претседателот Емануел Макрон, кој вчера доби позитивен тест. На вечерата имало многу повеќе од шест гости, колку што е максимално дозволено со важечките прописи за собири во земјата.

По вечерата одржана во Елисејската палата во средата, две здруженија – „Жртви на коронавирус Франција“ и здружението на трговци „Лес Пендус“, поднесоа тужба против непознато лице за загрозување на животот на други луѓе.

Според нивниот адвокат, Фабрис Ди Визио, утрово е поднесена првата кривична пријава до јавниот обвинител на Париз, веројатно насочена кон „сите учесници на вечерата, со исклучок на Жан Кастекс и Емануел Макрон. Втората пријава е поднесена истовремено до Судот на правдата на Република против Жан Кастекс, прецизира адвокатот.

-Неодговорноста е фрапантна: имаше десет гувернери на долгата вечера на која се разговараше за теми кои немаа итен карактер, со што се прекрши полицискиот час што во сила влезе претходниот ден, се наведува во соопштението на адвокатот Ди Визио.

Овие две пријави се надоврзаа на дел од критиките во печатот, откако беше откриено дека шефот на француската држава е позитивен на коронавирус и дека највисоките државни функционери на најфлагрантен начин не ги почитувале мерките, додека нивното почитување се бара од обичните Французи.

Share

AniWatch: School Rumble: Ichi Gakki Hoshuu anime episode 2 online free at https://aniwatch.pro watch anime free

Sailor Moon SuperS the Movie: Black Dream Hole Episode Full

ANIMEFLIX Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

WCOStream: Detective Conan OVA 05: The Target is Kogoro! The Detective Boys' Secret Investigation anime episode Full online free at https://wcostream.cc anime

Twitter: https://twitter.com/gogoanimelol

Band: https://band.us/band/84366909

Scroll to Top