Деца сериозно заболуваат од Ковид-19 во Малезија, властите се загрижени

пред 3 месеци

Малезиските здравствени власти изразија загриженост поради зголемениот број смртни случаи од коронавирус и сериозните случаи кај деца, откако драстичното зголемување на вкупните инфекции ја принудија оваа држава во југоисточна Азија на целосен карантин.

Премиерот Мухидин Јасин прогласи „целосна блокада“ од 1 до 14 јуни, бидејќи дневните смртни случаи од коронавирусот достигнаа рекордни бројки, а Владата предупреди дека влошената епидемиолошка состојба е поврзана со мутациите на вирусот.

Три деца на возраст под пет години починаа од коронавирус во првите пет месеци од годинава, а ист број е регистриран и во текот на 2020 година, изјави генералниот директор на малезиското Министерство за здравство, Нур Хишам Абдулах.

Но, вкупно 27 деца, вклучително и 19 на возраст под пет години, морале да се лекуваат на интензивна нега во периодот меѓу јануари и мај, за разлика од осумте сериозни случаи на Ковид-19 минатата година.

– Министерството за здравство се надева дека сите страни, особено родителите и старателите, ќе играат важна улога во заштитата од Ковид-19 на лицата со низок имунитет, како што се бебињата и децата, истакна Нур Хишам.

Претходно, малезискиот министер за здравство Адхам Баба изјави дека вкупно 82.341 дете било заразено со коронавирусот во земјата од јануари минатата година до 30 мај годинава.

Share

High Score Girl: Extra Stage (Dub) Episode 3

TwistMoe: Toilet-bound Hanako-kun (Dub) anime episode 12 online free at https://twistmoe.net kissanime

Watch anime online for free at KissAnime darling in the franxx kissanime

Daisy: A Hen into the Wild (Dub) Episode Full

Ask studybible: https://ask.studybible.info/user/animeflixnl

Aytoloja: http://www.aytoloja.org/jforum/user/editDone/162644.page

Scroll to Top