ЕМА започна со тестирање на кинеската вакцина Синовак

пред 6 дена

Европската агенција за лекови денеска соопшти дека започна тестирање во реално време на кинеската вакцина Синовак против Ковид-19, врз основа на претходните тестови кои покажаа дека произведува имунолошки одговор против коронавирусот.

Податоците за кинеската вакцина ќе бидат истражени во реално време за да се забрза потенцијалното одобрување, соопшти ЕМА.

Тоа е прва кинеска вакцина тестирана од ЕМА со овој метод и вкупно четврта вакцина, по КјурВак, Новавакс и Спутник В.

Таквиот метод им овозможува на истражувачите да ги потврдат податоците дури и пред да бидат објавени конечните резултати, што го забрзува процесот на одобрување.

Вакцината Синовак покажала ефикасност меѓу 50 и 90 проценти во различни студии и во моментов е одобрена за употреба во Кина, Индонезија, Бразил и Турција.

Вакцината содржи неактивирани верзии на коронавирусот што му помагаат на телото да создаде имунолошки одговор.

Синовак на почетокот на април објави дека е отворена трета фабрика за производство на својата вакцина, двојно зголемување на капацитетот на две милијарди дози годишно. Компанијата објави дека 200 милиони дози се веќе испратени низ целиот свет.

Share

KissAnime a silent voice kissanime: My Hero Academia (https://kissanimeonline.com/m/nym) Episode 13

GoGoAnime gogoanime online: Gintama Episode 201

Scroll to Top