Ереван: Ситуацијата во Нагорно Карабах е пред хуманитарна катастрофа

пред 3 месеци

Ситуацијата во Нагорно Карабах е близу до хуманитарна катастрофа, предупреди премиерот на Ерменија, Никол Пашинјан. На средбата со амбасадорите на странски земји, Пашинјан рече дека ситуацијата на јужниот фронт е тензична и дека примирјето не се почитува. Тој повтори дека Азербејџан го прекршил договорот за прекин на огнот постигнат во Москва, додавајќи дека Азербејџан се обидел да го заземе градот Гадрут веднаш штом стапи во сила примирјето. Пашинјан додаде дека борби има во областа Гадрут и дека армијата на Карабах спроведува операција за неутрализирање на противничките групи. – Блиску сме до хуманитарна катастрофа во зоната на конфликтот, ако не и на прагот, и единствениот начин да се спречи е да се признае правото на самоопределување и признавање на независноста на народот во Нагорно Карабах, потенцира Пашинјан. Текстот Ереван: Ситуацијата во Нагорно Карабах е пред хуманитарна катастрофа е превземен од А1он .

Share

Naruto (Dub) (https://animefreak.ws/m/AW3) Episode 220 at AnimeFreak animefreaks anime

JoJo's Bizarre Adventure: Golden Wind (Dub) Episode 39 at website https://kissanimeonline.com spirited away kissanime

Scroll to Top