Ерменската опозиција му постави ултиматум на Пашинијан

пред 8 месеци

Ерменската опозиција синоќешниот протестен марш во Ереван го заврши пред резиденцијата на премиерот Никола Пашинијан, каде му даде ултиматум да поднесе оставка до 8 декември.

– Бараме Пашинијан да поднесе оставка до пладне на 8 декември и ако тој не го исполни ова барање, ќе почнеме со организирање протести низ целата земја, рече Ишан Сагателиан, претставник на партијата Дашнакцутјун.

Вчерашниот протест во центарот на Ереван почна со едноминутно молчење со кое насобраните им оддадоа почит на загинатите војници во конфликтите во Нагорно Карабах, област во соседен Азербејџан со мнозинско ерменско население, околу која двете земји се во конфликт скоро три децении.

Директорот на Службата за национална безбедност и лидер на опозициската партија „Татковина“, Артур Ванецјан изјави дека 17 опозициски партии предложиле поранешниот премиер Вазген Манукјан да ја преземе должноста шеф на Владата. Ерменската опозиција му постави ултиматум на Пашинијан

Ереван, 6 декември 2020 (МИА) – Ерменската опозиција синоќешниот протестен марш во Ереван го заврши пред резиденцијата на премиерот Никола Пашинијан, каде му даде ултиматум да поднесе оставка до 8 декември.

– Бараме Пашинијан да поднесе оставка до пладне на 8 декември и ако тој не го исполни ова барање, ќе почнеме со организирање протести низ целата земја, рече Ишан Сагателиан, претставник на партијата Дашнакцутјун.

Вчерашниот протест во центарот на Ереван почна со едноминутно молчење со кое насобраните им оддадоа почит на загинатите војници во конфликтите во Нагорно Карабах, област во соседен Азербејџан со мнозинско ерменско население, околу која двете земји се во конфликт скоро три децении.

Директорот на Службата за национална безбедност и лидер на опозициската партија „Татковина“, Артур Ванецјан изјави дека 17 опозициски партии предложиле поранешниот премиер Вазген Манукјан да ја преземе должноста шеф на Владата.

Share

AniWatch watch anime online: Dr. Stone Episode 24

AnimeFreak free anime: JoJo's Bizarre Adventure: Golden Wind (Dub) (https://animefreak.ws/m/ljjq) Episode 39

Scroll to Top