ЕУ и Британија се сложија дека засега нема ништо од договорот за Брегзит

пред 5 месеци

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон денеска заклучија дека нема услови за финализирање на договорот од Брегзит.

„Ја разгледавме моменталната состојба на преговорите и заклучивме дека нема услови за финализирање на договорот поради преостанатите значителни разлики за три клучни прашања: еднакви права, управување и риболов“, се наведува во заедничката изјава на Фон дер Лајен и Џонсон, кои денеска имале долг телефонски разговор.

Од главните преговарачи на ЕУ, Мишел Барние и на Велика Британија, Дејвид Фрост, е побарано да подготват преглед на „преостанатите разлики“, за што ќе се дискутира на физичкиот состанок во Брисел во наредните денови.

Договорот за идните односи меѓу ЕУ и Велика Британија ќе биде тема на состанокот на лидерите на ЕУ-27 кои пристигнуваат во Брисел на 10. и 11 декември на завршниот годишен самит.

Share

4Anime 4anime safe: SK8 the Infinity (Dub) Episode 8

WCOStream wcostream we bare bears: My Hero Academia 2 (https://wcostream.cc/m/Y6yN) Episode 25

Scroll to Top