Жапаров именуван за премиер на Киргистан

пред 3 месеци

На денешното повторено гласање, киргистанскиот Парламент донесе одлука за назначување на Садир Жапаров за премиер, што се смета за чекор кон смирување и завршување на политичката криза во Киргистан, близок сојузник на Русија.

Гласањето во парламентот мораше да биде повторено откако претседателот Соронбај Женбеков стави вето на претходниот резултат од гласањето од 10 октомври, бидејќи некои пратеници гласале преку посредник.

Жапаров минатата недела беше ослободен од затвор од страна на неговите приврзаници, каде издржуваше казна затоа што во 2013 година земал државен службеник како заложник.

Немирите во Киргистан почнаа кога приврзаниците на неколку партии што не освоија место во Парламентот на парламентарните избори на 4 октомври се собраа на централниот плоштад во главниот град Бишкек откако беа објавени прелиминарните резултати, оценувајќи дека гласањето е наместено.

Во текот на ноќта меѓу понеделникот и вторникот минатата недела, демонстрантите ја окупираа зградата на парламентот, во која се наоѓаат и претседателската администрација, владата, канцеларијата на градоначалникот и државното обвинителство и ги ослободија Жапаров и поранешниот претседател Алмазбек Атамбаев од затвор.

Под притисок на илјадници демонстранти, киргистанската Влада поднесе оставка и Централната изборна комисија ги поништи резултатите од парламентарните избори.

Share

anime heaven anime bleach anime heaven anime heaven anime

hunter hunter animeflix animeflix haikyuu one punch man animeflix

anime planet jojo diamond is unbreakable anime planet jojo part 5 bakemonogatari anime planet

Scroll to Top