Женбеков: Тензиите во Киргистан достигнаа критична точка, подготвен сум да се повлечам

пред 5 месеци

Претседателот на Киргистан, Соронбај Женбеков, најави серија нови мерки за надминување на кризата откако, според негова оценка, политичките тензии во земјата ја достигнаа критичната точка.

„За да се реши моменталната состојба, треба да се преземат неколку чекори – резултатите од изборите за Жгорка Кенес (Парламентот) се веќе поништени и да се закажат нови избори“, се наведува во соопштението на веб-страницата на претседателот, пренесе Тасс. Во соопштението на претседателот се додава и дека одлуката за ова прашање треба да ја донесе Централната изборна комисија и дека мерките ќе ги „ублажат сегашните политички тензии“.

„Истовремено, ние мора да ги замениме премиерот и членовите на неговиот кабинет, кои работеа пред кризата, создавајќи на тој начин легитимна основа за нови назначувања“, додаде Женбеков во своеот соопштение.

Притоа тој во писменото обраќање на нацијата јасно порача дека „е подготвен да си поднесе оставка“ за да се стави крај на хаосот што ја зафати оваа централноазиска земја по изборите.

Женбеков рече дека може да поднесе оставка откако ќе се утврди датумот за новите избори и промените во владата бидат потврдени од парламентот и неговата канцеларија, јавија француските медиуми.

„Откако ќе биде избрана новата законска извршна власт и земјата се врати на патот на законитоста, јас сум подготвен да ја напуштам функцијата претседател на Република Киргистан“, се наведува во соопштениеот на киргистанскиот претседател.

Тој потсети дека за назначување на нов премиер и членови на кабинетот потребни се парламентарна седница и претседателски указ.

„Подготвен сум да ги потпишам релевантните документи и да ја чекам одлуката на парламентот“, и соопшти на нацијата киргистанскиот претседател преку соопштение.

Share

How Not to Summon a Demon Lord (https://animefreak.ws/m/583v) Episode 12 at website https://animefreak.ws animefreak boku no hero

Watch Log Horizon: Destruction of the Round Table Episode 1 at website https://kissanimeonline.com spirited away kissanime

Scroll to Top