Значително намалени бегалските бранови на грчките острови

пред 2 месеци

За 92 отсто во периодот март – ноември и за 83 проценти од јануари до ноември се намалиле бегалските и мигрантските бранови кон грчките острови, споредбено со истиот период лани, согласно официјалните податоци од Министерството за миграција и азил на Грција.

Од почетокот на годинава, заклучно со месец ноември на островите во Грција пристигнале 9.675 баратели на азил, наспроти 57.927 за 11 месеци во 2019 година.

На ниво на цела Грција, односно и на островите и кај Еврос, намалување на пристигнувањата има за 79 отсто споредбено со лани од јануари до ноември.

Од почетокот на епидемијата, односно во периодот март – ноември, кога во сила се зголемени мерки на границите, брановите се намалени за 92 отсто, односно во 2019 година пристигнале 54.306 баратели на азил, а годинава 4.344.

Намалувањата во месец октомври се за 99 проценти, а во ноември 97 отсто, во споредба со истите месеци лани.

Министерот за миграција и азил на Грција, Нотис Митаракис, вели дека драстичното намалување на брановите, во време кога другите земји бележат значително зголемување, „ги покажува систематските напори на Грција во борбата со криумчарските мрежи“.

-Ќе продолжиме да ги штитиме нашите копнени и морски граници, со решителност, ефикасност и апсолутно почитување на меѓународното право и европските вредности, вели Митаракис.

Share

Watch Re:ZERO -Starting Life in Another World- Season 2 (Dub) Episode 6 at AnimeHeaven animeheaven dragon ball super

Watch Dr. Stone Episode 8 (https://crunchyrollfree.com/m/po78/ep-8) at Crunchyroll crunchyroll free month

Scroll to Top