Индија почна со вакцинација на 300 милиони луѓе

пред 4 месеци

Во Индија денеска почна вакцинација против Ковид-19, а први ќе бидат вакцинирани здравствените работници.

Тоа ќе биде најмасовна имунизација во светот, при што е планирано да се вакцинираат 300 милиони жители и 30 милиони здравствени работници.

Индискиот премиер Нарендра Моди уапти апел до граѓаните да не веруваат во „гласините за безбедноста на вакцината“.

Но, не е познато дали Моди се вакцинира како другите светски лидери, за да биде пример за граѓаните.

Претходно, индиската Влада соопшти дека министрите не се приоритет на почетокот од вакцинацијата.

Индија претходно ја одобри вакцината на Универзитетот Оксфорд и британската комшанија АстраЗенека, како и индиската вакцина Бхарат биотек.

Share

AnimeHeaven animeheaven unblocked: The Seven Deadly Sins: Dragon's Judgement (https://animeheaven.pro/m/zDP2) Episode 14

AnimeTV my anime tv: Jimihen!!: Jimiko wo Kaechau Jun Isei Kouyuu!! Episode 3

Scroll to Top