Иран повеќе нема да ги пушта инспекторите на ОН во контрола на нуклеарните постројки

пред 2 месеци

Иранскиот Парламент денеска го одобри предлог-законот за запирање на инспекциите на ОН во нуклеарните постројки во земјата и побара владата да го засили збогатувањето на ураниум, доколку европските потписнички на нуклеарниот договор од 2015 година не ги укинат санкциите за нафтениот и банкарскиот сектор.

Донесувањето на законот, за што е потребно и одобрение од Советот на чуварите на револуцијата, го покажа пркосот на земјата по атентатот врз познатиот ирански нуклеарен научник од пред неколку дена, јавија американските медиуми.

Иранскиот врховен верски лидер, ајатолахот Али Хамнеи, го има последниот збор за нуклеарната политика.

Конечниот број на гласови не беше веднаш објавен, но, како што јави агенцијата ИРНА, 251 пратеник во 290-члениот парламент претходно денеска се изјаснија да се гласа за законот, по што многумина почнаа да скандираат „Смрт за Америка“ и „Смрт за Израел!”

Предлог-законот на европските земји им дава рок од еден месец да ги ублажат санкциите за клучниот ирански нафтен и гасен сектор и да го вратат пристапот до меѓународниот банкарски систем.

Со предлог-законот власта ќе го засили збогатувањето на ураниум на 20 проценти, што е под прагот потребен за нуклеарно оружје, но е повисок од прагот потребен за цивилна употреба, а нови центрифуги ќе бидат нарачани во нуклеарните постројки во Натанц и подземната локација Фордо.

Share

Watch Jujutsu Kaisen (TV) Recap Episode Full at website https://animeheaven.pro anime heavene

In Another World With My Smartphone (Dub) (https://gogoanime.be/m/oAxP) Episode 12 at GoGoAnime boku no hero academia gogoanime

Scroll to Top