Иран почна вакцинација против Ковид-19

пред 3 месеци

Иран денеска почна кампања за вакцинација на населението против коронавирусот.

– Почнавме национална вакцинација против Ковид-19, истакна иранскиот претседател Хасан Рохани, кој преку видео-конференција учествуваше на церемонијата организирана во болница во Техеран.

Пред почетокот на вакцинацијата Рохани им оддаде почит на здравствените работници кои ги загубија своите животи во борбата против коронавирусот.

Првиот контингент на руската вакцина Спутник V пристигна во Техеран, а уште две испораки се очекуваат од 18 до 28 февруари, истакнаа ирански официјални претставници.

Во Иран, кој има повеќе од 80 милиони жители, досега од коронавирус починале повеќе од 58.500 луѓе, а над 1,4 милиони лица се заразени.

Иранското Министерство за здравство соопшти дека прво ќе бидат вакцинирани здравствените работници, а потоа и лицата над 65-годишна возраст и хронично болните.

Освен руската вакцина, Иран овој месец ќе добие и 4,2 милиона дози од вакцината на АстраЗенека.

Share

AniWatch anime online: Naruto: Shippuden (Dub) Episode 500

AnimeTV gogo anime tv kissanime: Death Note (Dub) (https://animetv.cc/m/QPOo) Episode 37

Scroll to Top