ИФРЦ: Расте бројот на катастрофи предизвикани од екстремни климатски услови

пред 7 месеци

Бројот на катастрофи предизвикани од екстремни временски и климатски услови расте, се наведува во денешниот извештај на Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина и се додава дека парите не стигнуваат таму каде што се најпотребни.

„Случаите со поплави, бури и топлотни бранови се зголемија за речиси 35 проценти од 90-тите години на минатиот век, што погоди 1,7 милијарди луѓе во последните 10 години , а починаа околу 410. 000 луѓе, се вели во извештајот на ИФРЦ на 378 страници.

Ваквите настани сега сочинуваат 83 проценти од сите катастрофи и постои зголемен ризик од истовремени катастрофи, се вели во извештајот и се додава дека има сè поголеми знаци на драматичен пораст на екстремни временски непогоди.

„Сепак, парите потребни за надминување на ваквите можности не секогаш стигнуваат до најоштетените“, се наведува во извештајот.

Меѓу земјите рангирани како најранливи на вакви катастрофи се Судан, кој доживеа рекордни поплави оваа година, и Сомалија, која е склона на суша.

Но, овие нации добија само 27 центи и 59 центи по лице како дел од финансирањето на климатските адаптации во 2018 година.

Спротивно на тоа, ниту една од петте земји со највисоки стапки финансирањето немаше висока стапка на ранливост, се наведува, без назначување тие земји.

Share

KissAnime paradise kiss anime: Fairy Tail (Dub) Episode 175

AnimeDao watch anime free: Watch DARLING in the FRANXX (Dub) Episode 19 (https://animedao.nl/m/rqnK/ep-19)

Scroll to Top