Казахстан ја укина смртната казна

пред 7 месеци

Казахстан ја укина смртната казна, објавено е на сајтот на шефот на државата Касим Жомарт Токајев.

Во соопштението се наведува дека казахстанскиот претседател ја потпишал ратификацијата на Парламентот на Вториот факултативен протокол на Меѓународниот пакт за цивилни и политички права.

Како што се објаснува, станува збор за документ кој ги обврзува потписниците да ја укинат смртната казна.

Извршувањето смртна казна во Казахстан е прекинато во 2003 година, но судовите продолжија да ја изрекуваат најтешката пресуда во исклучителни околности, меѓу кои злосторства кои се сметаат за тероризам.

Еден од осудениците на смртна казна е и Руслан Кулекбајев, кој уби осум полицајци и двајца цивили во 2016 година во градот Алмати. Тој сега ќе служи доживотна казна затвор.

Share

4Anime watch anime dub: That Time I Got Reincarnated as a Slime (Dub) (https://4anime.biz/m/Jok7) Episode 24

AnimeDao animedao boruto: Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba (https://animedao.nl/m/wgm5) Episode 26

Scroll to Top