Каракачанов: Не можеме да направиме никаков компромис за прашањата поврзани со бугарската историја

пред 10 месеци

Нема никакви разлики во политиката кон Република Северна Македонија. Нема никакви разлики помеѓу премиерот Бојко Борисов, министерката за надворешни работи Екатерина Захариева и мене, изјави утрово вицепремиерот и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов, по вчерашните средби со македонската делегација предводена од премиерот Зоран Заев која престојуваше во Софија.

„Вчера имавме корисни разговори кои започнаа во 10.00 часот и завршија нешто пред пет часот. Македонските колеги сфатија дека Бугарија не се шегува. Тие разбраа дека нема кој да нè притиска за да го смениме нашиот став“, рече Каракачанов и објасни:

„Она што е ново од вчера е што колегите од Скопје разбраа многу јасно дека сакаме јасни гаранции за спроведување на Договорот за пријателство од 2017 година и дека нема да го заобиколат. Дали ова ќе биде нов договор, анекс или протокол не е важно. Не брзаме, има уште неколку дена до донесувањето на конечната одлука“.

Каракачанов вели дека Бугарија ќе продолжи да ја поддржува Македонија.

„Јасно изјавуваме дека единствената нормална перспектива за РСМ е европска интеграција. Разговорот беше корисен, но задоцнет“, рече Каракачанов за Нова ТВ.

Според него, Македонија и политичката елита во Скопје изгубиле 30 години.

„Нема кој да изврши притисок врз нас. Нема да дозволиме фалсификување на бугарската историја. Бугарија е суверена и достоинствена земја“, повтори вицепремиерот неколку пати, пренесува Бгнес.

Каракачанов вчера по средбата изјави дека Бугарија не може да прави никаков компромис за прашањата поврзани со бугарската историја.

„Им објаснивме на нашите колеги од РС Македонија дека не можеме да направиме никаков компромис за прашањата поврзани со бугарската историја, со идентитетот на бугарските херои и со идентитетот на целиот нејзин народ, кој е дел од општата историја. Од тука натаму сè е во рацете на колегите во Скопје. Макар и неколку денови до крајот на процесот, до петок, брзо да корегираат сè што пропуштиле во моментот. И да видиме дали тоа е доволно да почнат преговори“, рече бугарскиот вицепремиер.

Според него, од октомври лани се промениле две работи, а тоа е дека Македонија разбрала дека Бугарија не води некаква политика на инат, туку води принципиелна политика и дека Бугарија е суверена држава, која има свое достоинство, своја суверена и независна политика и на нејзе не влијаат ставовите на една или друга европска или светска престолнина.

Share

Watch anime online for free at AnimeFreak anime freak one piece

https://animetv.cc free anime tv shows online

AniWatch Watch english anime Online in HD for FREE

4Anime: Di Ling Qu anime episode 7 online free at https://4anime.biz 4anime reddit

Onlineboxing: http://onlineboxing.net/jforum/user/editDone/110745.page

Kissanimemx edublogs: https://kissanimemx.edublogs.org/

Scroll to Top