Кина најави адекватен одговор на американската продажба на оружје на Тајван

пред 7 месеци

Кина денеска најави дека ќе упати „адекватен и неопходен одговор“ ако САД продолжат со најновата планирана продажба на оружје на Тајван.

Портпарот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин изјави дека продажбата на вооружени дронови за 600 милиони долари на Тајван е „брутално мешање во внатрешните работи на Кина, што сериозно го поткопува кинескиот суверенитет и безбедносни интереси“.

– САД би требало да се откажат од продажба на оружје на Тајван за да се избегне понатамошно загрозување на односите помеѓу Кина и САД, како и мирот и стабилноста на Тајван, истакна Ванг.

Тој додаде дека Кина ќе даде „адекватен и неопходен одговор во согласност со развојот на ситуацијата.

Претходно, Пентагон соопшти дека Стејт департментот одобри продажба на четири многу софистицирани беспилотни летала на Тајван и ги испрати во Конгресот за потврда.

Во последните неколку недели САД почнаа постапка за продажба на уште воена опрема во вкупна вредност од пет милијарди долари.

Share

AnimeHeaven animeheaven one piece: Boruto: Naruto Next Generations (Dub) (https://animeheaven.pro/m/EW6q) Episode 105

AniWatch dubbed anime: Watch The Seven Deadly Sins: Dragon's Judgement Episode 6 (https://aniwatch.pro/m/gqy3/ep-6)

Scroll to Top