Колку би чинел третманот на Трамп за коронавирус, ако сте обичен Американец

пред 5 месеци

Весникот „Њујорк Тајмс“ објави напис насловен: „Колку би ги чинело повеќето Американци лекувањето за коронавирус ако беа третирани како претседателот Доналд Трамп“, кој е дел од истрагата на американскиот весник за трошоците за тестирање и третман на коронавирус во земјата, како и за тоа како пандемијата ја менува здравствената заштита во САД. Трамп помина три дена во болница. Тој беше однесен и вратен во Белата куќа со хеликоптер, а во меѓувреме подложен на бројни тестови за коронавирус, а исто така доби кислород, стероиди и експериментални лекови. За некој што не е претседател, трошоците за сето ова би изнесувале повеќе од 100.000 долари во американскиот здравствен систем, пишува „Љујорк Тајмс“. Најголемиот финансиски ризик не доаѓа од престојот во болница, туку од услугите, вклучително и транспорт со хеликоптер и повеќе тестови на коронавирус. Американскиот лидер го пофали високиот квалитет на здравствена заштита што го добил во воената болница „Волтер Рид“ и го минимизираше ризикот од вирус. Во земјата речиси половина милион биле хоспитализирани. Рутинските тестови можат да доведат до илјадници долари непокриени трошоци за осигурување. Некои пациенти добиле сметки во износ поголеми од 400.000 долари. Трамп не мора да се грижи за третманот што го добива, бидејќи тој е покриен од федералната Влада. Сепак, многу Американци, вклучително и оние со здравствено осигурување, не можат да си дозволат таква медицинска нега. Тестовите за коронавирус можат да бидат скапи. Иако чинат околу 100 долари, во Тексас достигнуваат 6.408 долари. Во САД се извршени 108 милиони тестови. Третманот со лекот „Ремдесивир“ чини 3.120 долари со приватно осигурување, а 2.340 долари со Медикер и Медикаид. Трамп доби и експериментален лек со антитела од „Регенерон“. Тој е достапен само за оние кои се вклучени во клинички испитувања и во некои особено тешки случаи. Економистите почнаа да ја анализираат целосната цена на третманот со коронавирус. Просечната цена за хоспитализиран пациент над 60 години е 61.912 американски долари. Ова вклучува медицинска нега во болница. Луѓето со здравствено осигурување плаќаат во просек 31.575 долари. Некои пациенти постари од 60 години плаќаат помалку од 26.821 долари за престој во болница, а други над 193.149 долари за подолг престој. Користењето медицински хеликоптер е скапо во САД и повеќето планови за здравствено осигурување не го покриваат тоа. Во просек се плаќаат 38.770 долари. Во случајот на Трамп, кој беше пренесен и вратен со хеликоптер, трошокот за обичен Американец би можел да биде над 40.000 американски долари, иако луѓето не ја напуштаат болницата со хеликоптер. Текстот Колку би чинел третманот на Трамп за коронавирус, ако сте обичен Американец е превземен од А1он .

Share

That Time I Got Reincarnated as a Slime (Dub) (https://animeheaven.pro/m/xp0B) Episode 24 at website https://animeheaven.pro anime heaven au

Watch Re:ZERO -Starting Life in Another World- Season 2 Episode 6 (https://gogoanime.be/m/MRk6/ep-6) at GoGoAnime gogoanime official site

Scroll to Top