Курц: До следното лето би можеле да се вратиме во нормала

пред 7 месеци

Канцеларот на Австрија, Себастијан Курц изрази верување дека вакцината против коронавирусот ќе биде достапна во првата половина од следната година.

„До следното лето, од денешна перспектива, би можеле да се вратиме во нормала“, рече Курц за австрискиот јавен сервис „ОРФ“.

Австрискиот канцелар не ја исклучува можноста неговата земја да се врати на претходните ригорозни мерки за заштита од смртоносниот вирус иако изјави дека не го посакува тоа.

Тој посочи дека има многу земји во светот со значително поголем број на заразени лица, каде училиштата и рестораните се повторно затворени и воведен е полициски час.

„Ние сакаме да го спречиме тоа во Австрија, ако е можно“, додаде Курц за „ОРФ“.

Share

AnimeTV watch anime: Attack on Titan Season 2 (Dub) Episode 12

KissAnime paradise kiss anime: Watch The Rising of the Shield Hero Season 2 Episode 1-Preview

Scroll to Top