Лондон и Брисел утре го заверуваат новиот трговски договор

пред 4 месеци

Лидерите на Европска Унија и на Велика Британија утре ќе го потпишат Договорот за трговија, соопшти Советот на ЕУ.

Предвидено е утре претседателката на Европска комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот и претседателот на Европски совет Шарл Мишелч утре да го потпишат Договорот за трговија по Брегзит, а потоа Договорот да биде доставен во Лондон, каде треба да го потпише британскиот премиер Борис Џонсон.

Договорот со кој се уредуваат трговската и другите видови на соработка помеѓу ЕУ и Велика Британија има 1.240 страници.

Со Договорот Велика Британија и понатаму ќе може да тргува со ЕУ без царини и квоти по истекот на транзицискиот период што истекува на 31 декември. Велика Британија излезе од ЕУ на 31 јануари годинава. Лондон изгуби многу погодности, меѓу кои пристап до водите за риболов и до пазарот за енергенси, како и размена на студенти.

Земјите-членки на ЕУ Договорот треба да го усвојат следната недела, додека британмскиот Парламент ќе гласа на 30 декември. Ако Договорот биде одобрен, тој на 1 јануари само привремено ќе стапи во сила, бидејќи мора да биде потврден од Европскиот парламент. Европратениците претходно изјавија дека немаат доволно време за детално проучување на Договорот и оти за тоа ќе разговараат во јануари и февруари.

И покрај Договорот уште голем број прашања останаа неразјаснети, меѓу кои и безбедносната соработка, бидејќи Лондон нема да има пристап до европските полициски бази на податоци, како и пристап до европскиот пазар за финансиси услуги.

Share

AniWatch animes online: Gintama (https://aniwatch.pro/m/byp) Episode 201

AnimeDao animedao tower of god: Attack on Titan Final Season (https://animedao.nl/m/1zrO) Episode 16

Scroll to Top