Мерките за спречување на пандемијата во Германија се недоволни, смета министерот за економија

пред 5 месеци

Мерките на германската Влада за спречување на пандемијата на коронавирусот се недоволни, бидејќи се уште има висока стапка на нови инфекции, изјави германскиот министер за економија Питер Алтмаер.

Тој нагласи дека треба да се преземат многу интензивни консултации во наредните денови и недели за да се утврди дали се потребни дополнителни мерки, покрај постојните, кои вклучуваат делумно затворање и ограничувања на бројот на контакти, што беа воведени во ноември.

– Се уште високата стапка на инфекција е „далеку полоша од нашите очекувања, рече Алтмаер, додавајќи дека „би можело да се каже дека претходните мерки не се доволни за вистински да се спречи вториот бран на инфекција“.

Федералните и локалните политичари веќе повикаа на поостри мерки во областите со голем број новоинфицирани со Ковид-19, а се планира и нов состанок на федерални и провинциски политичари.

Германската сојузна покраина Баварија донесе одлука за новите мерки за време на викендот. Досега бележи најголем број смртни случаи од последици од коронавирус на државно ниво и најави дека ќе воведе построги мерки на затворање од среда до 5 јануари.

Германскиот институт Роберт Кох денеска објави за 12.332 нови случаи на заразени, повеќе отколку што беше забележано на 30 ноември, кога имаше 11.000 случаи. Германските здравствени власти пријавија 147 смртни случаи во последните 24 часа, нешто повеќе отколку што беше објавено минатата недела, кога имаше 125 смртни случаи.

Share

4Anime anime online: High-Rise Invasion Episode 12

WCOStream dubbed anime: Dragon Ball Super (Dub) (https://wcostream.cc/m/PElJ) Episode 131

Scroll to Top