Меѓународна вселенска мисија успешно лансирана во космосот

пред 3 месеци

Меѓународната вселенска мисија, со двајца руски и еден американски астронаут, во руското летало Сојуз, од космодромот во Бајанкур, Казахстан беше успешно лансирана кон меѓународната вселенска станица. Руско-американската вселенска мисија е лансирана во ново вселенско летало што ќе се поврзе со меѓународната вселенска станица во орбитата многу побрзо од претходните, за помалку од три часа и таму ќе ги помине следните шест месеци. Кејт Рубинс од американската НАСА и руските космонаути Сергеј Рижиков и Сергеј Куд-Сверчков од руската вселенска агенција Роскосмос полетаа утрово во предвиденото време до меѓународната вселенска станица што кружи околу Земјата. Таму, ќе го заменат руско-американскиот тим кој е во мисија од април и треба да се врати на Земјата за една недела. – Поминавме две недели во Стар сити, недалеку од Москва, а потоа 17 дена во Бајанкур во многу строг карантин и сите направивме ПЦР тестови, рече американската астронаутка Кејт Рубинс пред лансирањето, најавувајќи интересни тестови во Вселената, вклучително и студија за растот на клетките во вонземски услови. Текстот Меѓународна вселенска мисија успешно лансирана во космосот е превземен од А1он .

Share

anime heaven anime bleach anime heaven anime heaven anime

hunter hunter animeflix animeflix haikyuu one punch man animeflix

anime planet jojo diamond is unbreakable anime planet jojo part 5 bakemonogatari anime planet

Scroll to Top