ММФ: На Африка ќе и требаат 1,2 билиони долари за закрепнување од пандемијата

пред 5 месеци

Во следните три години на Африка ке и бидат потребни 1,2 билиона долари за да закрепне од економските штети и здравствените трошоци предизвикани од епидемијата на коронавирусот, соопшти Меѓународниот монетарен фонд. Директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, изјави дека светот мора да стори многу повеќе за да го поддржи закрепнувањето на Африка од оваа криза. Би-Би-Си пренесува дека во Африка се регистрирани помалку инфекции и смртни случаи од Ковид-19 отколку во повеќето други континенти. Но, Светска банка соопшти дека уште 43 милиони Африканци се изложени на ризик од екстремна сиромаштија, токму како резултат на пандемијата. -Економските последици го елиминираат претходниот тренд на силен раст во Африка. Многумина останаа без работа, а семејните приходи се намалени за 12 проценти, кажа Георгиева на виртуелниот состанок на ММФ Текстот ММФ: На Африка ќе и требаат 1,2 билиони долари за закрепнување од пандемијата е превземен од А1он .

Share

Horimiya Episode 2 at website https://crunchyrollfree.com crunchyroll free account reddit

Watch The Day I Became a God Episode 6 (https://kissanimeonline.com/m/eLnL/ep-6) at website https://kissanimeonline.com legend of korra kissanime

Scroll to Top