Мнучин: САД им воведоа санкции на 18 ирански банки

пред 3 месеци

Американската Канцеларија за контрола на странски средства (ОФАЦ) на својот долг список на санкции кон официјален Техеран додаде уште 18 ирански банки. Американскиот министер за финансии Стивен Мнучин изјави дека одлуката за санкции претставува јасна заложба на американските власти за запирање на нелегалниот пристап до американскиот долар. -Нашите програми за санкции ќе продолжат се додека Иран не престане да ги поддржува терористичките активности и не ја прекине својата нуклеарна програма, рече Мнучин, цитиран од Анадолија. Администрацијата на САД во 2018 година еднострано се повлече од нуклеарниот договор со Иран потпишан во 2015 година, по што почна повторно да воведува санкции за Техеран. Текстот Мнучин: САД им воведоа санкции на 18 ирански банки е превземен од А1он .

Share

One Piece Episode 958 at website https://kissanimeonline.com kissanime rwby

Is It Wrong to Try to Pick Up Girls in a Dungeon? II (Dub) Episode 12 at Crunchyroll free crunchyroll premium 2020

Scroll to Top