Намален бројот на нови и смртни случаи од Ковид-19 во Грција

пред 6 месеци

Во изминатите 24-часа во Грција е регистриран намален број нови и смртни случаи од Ковид-19 во споредба со изминатите денови, со потврдени 1.194 новозаразени и 68 починати, јави дописничката на МИА од Атина.

Помалку од половина од новите случаи повторно се во областа Атика, поширокиот регион на Атина (256) и во Солун (248 случаи).

Од почетокот на епидемијата во Грција има 123.842 заразени лица и 3.540 починати.

Паралелно, грчката Влада се подготвува за вакцинацијата што се очекува да започне веднаш штом вакцината добие зелено светло од ЕУ, а премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис денеска одржа состанок со надлежните министри околу подготовките за набавка, складирање и дистрибуирање на вакцината, како и за процесот за закажување термин за вакцинација на граѓаните.

Подготовките, како што информираат од кабинетот на Мицотакис, ќе завршат до крајот на годинава.

Share

4Anime persona 4 the animation online: The Misfit of Demon King Academy (https://4anime.biz/m/ONqx) Episode 13

ANIMEFLIX animeflix netflix: Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba (Dub) Episode 26

Scroll to Top