Новиот вид коронавирус потврден и во Грција

пред 6 месеци

Во Грција се откриени четири случаи на новиот вид коронавирус кај луѓе кои неодамна допатувале од Велика Британија. Заболените се во карантин.

Се смета дека новата мутација на коронавирус откриена во Велика Британија, која се прошири низ целиот свет, е многу позаразна.

Во Грција од денеска се на сила рестриктивни мерки кои ќе важат до 10 јануари. Мерките вклучуваат полициски час од 21 часот навечер до 5 часот наутро, прекин на нарачките преку Интернет во малопродажните објекти и затворање на фризерските и козметичките салони.

Share

AniWatch free anime: Dr. Stone (Dub) (https://aniwatch.pro/m/qalV) Episode 24

AnimeHeaven weathering with you animeheaven: DARLING in the FRANXX Episode 24

Scroll to Top