Нов Ковид-рекорд во Франција, за првпат над 50.000 заразени во еден ден

пред 6 месеци

Француските здравствени власти денеска пријавија 52.518 нови случаи на коронавирус во изминатите 24 часа, што претставува нов дневен рекорд од почетокот на пандемијата.

Овие податоци, во споредба со вчерашните 46.290 нови случаи, укажуваат на тоа дека новото затворање воведено во петокот во земјата сè уште не ги дало своите први ефекти.

Како што пренесуваат француските медиуми, хоспитализациите поради коронавирусот се зголемени повторно, за повеќе од 1.000, достигнувајќи најголем број во последните четири месеци со 25.143 лица во болница.

Бројот на луѓе кои починале од Ковид-19 се зголеми за 416, во споредба со 231 во неделата, а во просек за 345 седмично.

Вкупниот број случаи сега е 1.466.433.

Share
Scroll to Top