Онколог им прости 650.000 долари на болни од рак, кои не можат да платат

пред 9 месеци

Американски онколог им прости долгови во вредност од речиси 650.000 долари на 200 пациенти болни од рак, откако сфати дека многу од нив имаат проблеми да ги платат, јави Би Би Си.

Доктор Омар Атик минатата година го затвори својот центар за лекување карцином во Арканзас по речиси 30 години работење. Тој работел со компанија за наплата на долгови за да собере неплатени исплати, но подоцна сфатил дека многу семејства биле финансиски погодени од пандемијата.

На Божик, тој им напишал на пациентите дека сите долгови ќе им бидат простени.

– Со текот на времето, сфатив дека има луѓе кои едноставно не можат да платат. Така, јас и сопругата, како семејство, размислувавме да им го простиме целиот долг. Видовме дека можеме да го сториме тоа и така направивме, изјави д-р Атик за „Добро утро Америка“ на Еј Би Си, кој ја основаше Клиниката за карцином во Арканзас во Пајн Блаф во 1991 година, обезбедувајќи третман, вклучително и хемотерапија.

Тој сега е професор на Универзитетот за медицински науки во Арканзас во Литл Рок.

Share

ANIMEFLIX: Dragon Ball Z: Lord Slug (Dub) anime episode Full online free at https://animeflix.nl hotarubi no mori e animeflix

Website https://gogoanime.be: Watch Emblem Take 2 gogoanime Episode 2 gogoanime mobile

Website https://animeheaven.pro: Watch Blast of Tempest animeheaven Episode 24 animeheaven hunter x hunter

4Anime Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

Git feneas: https://git.feneas.org/gogoanimebe

Logobids: https://www.logobids.com/users/AnimeFreak

Scroll to Top