Почнува најголемото судење против италијанската мафија во изминатите 30 години

пред 6 дена

Повеќе од 350 припадници на мафијата, политичари, правници, бизнисмени и други обвинети ќе се појават на суд во јужниот калабриски град Ламези Терме. Обвинителите се надеваат дека со судскиот процес ќе и се зададе удар на криминалната група Ндрангета, која дејствува и глобално.

Обвинителите треба да докажат дека Ндрангета уште од 90-тите години на минатиот век е вклучена во убиства, илегална трговија со дрога, уцени, перење пари и други криминални дела.

– Судењето е камен темелник за изградба на ѕид против мафијата во Италија, изјави обвинителот Никола Гратери.

Ндрангета го контролира протокот на кокаин во Европа и се смета за најмоќна криминална организација во Италија.

Се очекува судскиот процес против 355 обвинети, кои ги бранат над 900 адвокати, да трае најмалку една година.

Ндрангета не се занимава само со илегална трговија со дрога, уцени и лихварство, туку ги користи фирмите за повторно вложување на незаконската добивка. Во многу делоиви на Калабрија, Ндрангета е инфилтрирана во сите подрачја на јавниот живот. Ндрангета годишно заработува повеќе од 50 милијарди евра, со што е најбогата криминалната група во светот.

Судењето во моментот е насочено кон фамилијата Манкусо и нејзината мрежа соработници, кои го контролираат подрачјето Вибо Валентиа во Калабрија. Помеѓу обвинетите се голем број правници, политичари, поранешни пратеници, градоначалници, функциоонери и бизнисмени.

Првото италијанско големо судење е спроведено во Палермо во средината на 80-тите година против сицилијанската мафија Коза Ностра, при што беа осудени 338 лица. Мафијата подоцна ги уби обвинителите Џовани Фалконе и Паоло Борсеино.

Share

Attack on Titan Season 2 (https://animefreak.ws/m/vvjL) Episode 12 at AnimeFreak anime freaks

Bottom-Tier Character Tomozaki (https://animeheaven.pro/m/jWWP) Episode 2 at AnimeHeaven animeheaven hunter x hunter

Scroll to Top