Претседателот на Комитетот за правда при Сенатот во САД: Ќе провериме дали на изборите имало неправилности во гласањето

пред 5 месеци

Претседателот на Комитетот за правда на Сенатот во САД, Линдзи Грам соопшти дека ќе ги испита сите веродостојни обвинувања околу нерегуларностите во гласањето откако ќе го прими сведочењето на очевидецот од Пенсилванија кој има информации за злоупотреба на службена положба од страна на службениците кои ги спроведувале гласовите преку пошта.

Грам излезе со став во јавноста дека гласањето во некои места било сомнително и дека е потребно да се отпочне правна постапка за изборни нерегуларности.

Претседателот на Комитетот за правда изјави и дека примил заклетва од вработен во пошта кој смета дека на поштенските марки од гласачките листови им било додавано ознака со датумот 3 ноември (денот на изборите) иако тие биле од 4 ноември, но и подоцна.

Врховниот суд во САД претходно одлучи дека на секое гласачко ливче датумот треба да биде 3 ноември за тоа да биде важечко.

„За да се обезбеди интегритетот на изборите во 2020 потребно е да се проверат сите релеватни наводи“, рече Грам.

„Секој Американец треба да посакува нашите изборни процеси да функционираат правилно, а сооглед на тоа што излезноста преку пошта беше голема, треба да има надзор врз сето тоа“, рече тој и додаде дека „резултатите од изборите не ги утврдуваат медиумите туку точното пребројување на гласовите“.

Оваа забелешка од Грам беше проследена и со изјава на Трамп, во која тој рече дека медиумите му помагаат на Бајден лажно да се претстави како победник.

Тимот на Трамп објави дека ќе поднесат тужба во Невада и други сојузни држави за да престане со броењето на гласачките ливчиња, тврдејќи дека имаат докази дека нерезидентите гласале на изборите.

Share
Scroll to Top